еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ги доближуваат ли ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ставовите за уставните измени: И Таравари ќе бара гаранција од ЕУ дека ќе нема нови услови

Презентирајќи ја својата предизборна платформа, Арбен Таравари, кандидатот за претседател на Македонија на коалицијата „Вреди“ која ја сочинуваат Демократски сојуз, Алтернатива, Беса, но и подржувачи на Самоопределување, партијата на косовскиот премиер Албин Курти, меѓудругото рече дека ќе бара гаранции од висок претставник на Европската унија (ЕУ) дека по усвојувањето на уставните амандмани за внесување на Бугарите во Уставот, нема да има дополнителни барања за Македонија надвор од преговарачката рамка од 2022 година.

Ваква гаранција подолг временески период бара и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која останува на ставот дека нема да има уставни измени под „бугарски диктат“.

Дали оваа најава на Таравари, значи приближување до дел од ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени и е предзнак дека партијата и коалицијата ќе прават нова влада, имајќи го предвид рејтингот на истите, останува да видиме.

Онаа што е сигурно е дека ниту една партија на етничките Албанци нема да влезе во влада, која нема да ги спроведе уставните измени, кои се услов Македонија вистински да ги почне преговорите со ЕУ.

Од друга страна пак за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски овој услов на партиите на етничките Албанци, вклучувајќи ја и коалицијата е предизборна реторика и фолклор.

„Тоа е реторика и фолклор кој сега предизборно се споменува. На 8. мај сите заеднички ќе видиме кои се условите кои понатаму ќе бидат диктирани од политичките чинители. Сите добро знаат дека ниту јас, ниту ВМРО-ДПМНЕ прифаќаат какви било диктати.

Може да се обединиме околу платформа која значи реформи и трансформација на Македонија“, рече Мицкоски во дуелот со лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на Канал 5.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седница на Владата за ситуацијата во Украина

Редакција

Се замори главниот сведок: Прекинато судењето за „Монструм“

Редакција

Времето денеска сончево со слаб ветер, претпладне магла

Редакција