Беким Незири е еден од четворицата поранешни министри за економија кои се опфатени со истрагата на Основното јавно обвинителство Кочани за пожарот во кој во т.н. дискотека загинаа 61, а беа повредени 203 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Куќен притвор за екс министрите за економија Сарачини и Незири за пожарот во Кочани
Во куќен притвор е и поранешниот министер за економија Ваљон Сарачини, во затворски притвор за истиот случај е и Крешник Бектеши, а Дритон Кучи, кој е актуелен македонски амбасадор во Норвешка и Исланд, како поранешен министер за економија, доби мерки на претпазливост.
еМагазин разгледа каков имот пријавил Незири во 2016 година, според податоци на mkopen.org.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Беким Незири, поранешниот министер кој доби куќен притвор
Каков имот пријавил
На свое име има деловен простор од 63 метри квадратни во Скопје, како и земјиште и стан од 180 метри квадратни, исто така во Скопје.
На име на сопругата пријавил возило Пежо.
Има приходи и од кирија, а во тој период имал и кредити, за кои нема податок кога требало да ги врати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил амбасадорот Дритон Кучи, кој доби мерки за претпазливост за пожарот во Кочани
Кој е Дритон Кучи, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани
Кој е Ваљон Сарачини, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани
Фото: Фејсбук/Незири