еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Гранит лани со намалени приходи

Гранит АД Скопје лани остварил единечни вкупни приходи од 3.843.186 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2023 година бележат намалување за 27%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Приходите од продажба изнесуваат 3.521.627 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2023 година бележат намалување за 30%, пред се како резултат на фактот дека неколку поголеми проекти на кои работеше Друштвото се завршени до крајот на 2023 година или во текот на 2024 година, додека нови проекти се уште се во тендерска процедура.

Финансиските приходи изнесуваат 113.297 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2023 година бележат зголемување за 75%, пред се како резултат на повисоката добиена дивиденда од акциите во Комерцијална банка АД Скопје.

Остварените единечни вкупни расходи изнесуваат 3.733.621 илјади денари, и споредено со истиот период 2023 година бележат намалување за 27% и истото е соодветно на намалувањето на приходите од продажба.

Друштвото оствари добивка од 109.566 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 1.712.849 илјади денари, пред се поради значајното зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гранит со зголемена добивка во третиот квартал

„Гранит“ ја купи “Леп-коп инвест“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20-годишен македонски државјанин во Австрија регрутирал тинејџери за ИСИС

Редакција

(ВИДЕО) Во Грција отворени кафулињата и угостителските објекти

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од Комерцијална банка за 41.000 евра

Редакција