За денеска е најавена седницата во Собранието за разрешување на двајцата министри на владејачката Алијанса за Албанците (АА), кои во кавгата на претседателот на партијата, Арбен Таравари и поранешниот лидер, Зијадин Села, застанаа зад Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До Собранието поднесен предлог за разрешување на министрите Меџити и Алиу
Вчера техничкиот премиер Талат Џафери до Собранието го испрати предлогот за разрешување на министерот за здравство, Фатмир Меџити и на министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алијанса за Албанците најде замена за министрите Меџити и Алиу, кои застанаа на страната на Таравари
Разрешени директори на АА кои застанаа на страната на Таравари
По предлог на Управниот совет на АА, за нов министер за здравство се предлага Илир Демири, а за нов министер за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами.
Кој е Илир Демири
Докторот Демири е актуелен директор на ЈЗУ Клиничка Болница Тетово, по предлог токму на Меџити.
На таа функција дојде од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор на Ковид-19 центарот.
Демири е специјалист инфектолог, кој на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работеше од 2004 година.
Од 2007 година е асистент по предметот инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје.
Во 2020 година се стекна со титулата примариус доктор.
Важи за многу посветен доктор и е добитник на наградата „Европска личност за 2020 година“. Таа се доделува на лица кои имаат посебен придонес во афирмацијата на хумани вредности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари во Куманово доби подршка од 75 членови на Централното собрание, од вкупно 133
Каков имот пријавила разрешената директорка на Пошта, кадар на АА, која застана зад Таравари
Ја најави ли Мицкоски поделбата во Алијанса за Албанците поради несогласувањето на Таравари и Села?
Фото: Фејсбук/Демири