еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кој е најголем донатор на ВМРО-ДПМНЕ и колкави приходи имала партијата лани

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ лани имала приходи од 104 милиони денари, покажува извештајот за финансиското работење на партијата, кој го објави Државниот завод за ревизија.

Најмногу пари заработила од државата, односно граѓаните – 97 милиони денари, пари кои и следат по закон и кои ги добива секоја партија.

Од донации има 3,7 милиони денари.

Од донаторите најголем е фирмата за одржување на хигиена – Лувак 2020, која донирала 800 илјади денари.

Меѓу донаторите се и функционери на партијата како Антонио Милошески, Миле Лефков, Игор Јанушев, Ане Лешкоска

Партијата лани имала расходи од 98 милиони, од кои за реклами и пропаганда потрошила 6,5 милиони денари.

Целиот извештај ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку приходи остварила лани СДСМ

Кои се донатори на ДУИ и од што се финансирала партијата лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид отвара уште една компанија во Хрватска, открива Мукаетов во интервју за „Јутарњи лист“

Редакција

Анѓушев: Оваа криза сега е полоша од ковид кризата, цените на енергенсите се за 400% повисоки во однос на лани

Редакција

Убава вест: 408 оздравени од Ковид-19

Редакција