еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за полицаец кој на граничниот премин Долно Блаце примил поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи (МВР) до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полицискиот службеник С.Ф. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, информираа од МВР.

“На 15.12.2024 на Граничниот премин Долно Блаце, пријавениот С.Ф., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Долно Блаце, побарал и примил пари за да изврши службено дејствие кое не смеел да го изврши.

Имено, при контрола на лица кои ја преминувале државната граница кон Косово, за парична награда, пропуштил лице да ја премине државната граница со видно оштетена и преправена патна исправа, со скината предна корица, а пластифицираната страница со биометриски податоци била одвоена од патната исправа, а потоа залепена помеѓу страниците.

Исто така, пријавениот не го завел лицето во граничните евиденции како лице кое преминало државна граница и не проверил дали минува во евиденциите за проверки,” велат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не е разговарано за други интервенции во Уставот, освен внесувањето на Бугарите и други етнички заедници, тврди Маричиќ

Редакција

Филипче: Обезбедивме терапија која се покажа како успешна против коронавирусот

Редакција

Протокол за лекување од Ковид-19 има, но можеби сме мрзеливи да читаме 35 страници, вели Сали

Редакција