еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична и притвор за скопјанец кој се борел за Русите во Украина

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднел кривична пријава против Љ.Б. (37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.

-Во периодот од септември 2023 година, пријавениот заедно со сега починатиот Т.Ш., преку апликацијата „Телеграм“ аплицирале на отворен конкурс за учество во руска војска за месечен надомест од 3.000 евра.

По обезбедување на виза за патување, двајцата заминале за Русија, каде на 23.09.2024 потпишале договор со Министерството за внатрешни работи на Доњецка Народна Република за служење во нивните воени, паравоени и параполициски единици, а со тоа учествувале во воениот конфликт помеѓу Руската Федерација и Украина.

На 09.12.2024 година бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени компјутер, мобилни телефони, тактичка облека, документи на руски јазик на негово име и други предмети.

Од судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка домашен притвор во траење од 30 дена, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „збесна“: „Порано имаше поштари што крадат пензии, сега поштите се „опљачкани“ сосе пензиите“

Редакција

Случај „Монструм“: Побарана е екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, но од Косово се уште нема одговор

Редакција

25-годишното момче кое силуваше 81-годишна старица од струмичко заврши во притвор

Редакција