еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Лани регистрирани 50 случаи на ХИВ/СИДА, просечната возраст е 35 години, повеќето се мажи

Лани се регистрирани 50 лица со ХИВ/СИДА во Македонија, што претставува инциденца од 2,7 на 100.000 жители, покажува Годишниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

-Бројот на случаи во 2023 година е поголем за 0,8% споредено со 2022 година кога беа регистрирани 42 случаи.

Во споредба со просекот (n=41) од претходниот десетгодишен период (2013-2022), се регистрира зголемување од 22%, стои во извештајот.

Во 2023 година, од регистрираните случаи, 46 се од машки пол, четири од женски пол.

-Возраста на случаите не отстапува значително од возрасната дистрибуција од предходно пријавените случаи. Просечната возраст на новите случаи е 35 години, а е во опсег од 20 до 56 година, 74% од случаите се на возраст од 20 до 39 години, се вели во извештајот.

Од анализата на пристигнатите пријави се забележува дека во однос на веројатниот ризик за стекнување на ХИВ инфекција, регистрирани се 20 лица со хетеросексуална трансмисија и 30 лица од МСМ популацијата, стои во извештајот.

-Од случаите во 2023 година, најголем дел (n=18) се со место на живеење во Скопје со инциденца од 3,0/100.000 жители, во Струмица се регистрирани четири случаи со инциденца од 5,1/100.000 жители.

Останатите случаи се регистрираат како спорадични случаи во 18 градови од Македонија. Еден случај во 2023 е странски државјанин, се вели во извештајот

Во 2023 година, се регистрирани три смртни случаи поврзани со СИДА, од кои еден е кај лице пријавено во 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија над 500 лица живеат со ХИВ, како се пренесува?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Роби“ и понатаму ги гази „Македонски Телеком“ и „А1“ во бројот на претплатници на две услуги

Редакција

ОН: Во Украина досега убиени речиси 2.000 цивили, но вистинските бројки се „многу повисоки“

Редакција

Франција се води од временската рамка од шест месеци на Софија за надминување на блокадата

Редакција