еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лицето кое се сомничи за убиството на Орхан Бајрами – Оки, според грчката полиција е веќе во притвор во Македонија

Лицето Г.М., кое се сомничи за убиството на Орхан Бајрами – Оки, македонски државјанин, кое се случи летово во Ханиоти на Халкидики во Грција, според грчката полиција е веќе во притвор во Македонија, каде е осомничено за две убиства во Шиша бар во Старата скопска чаршија во март лани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти

Грчката полиција оваа тврдење го базира на пронајден пиштол, ракавици и капа во Ханиоти и ДНК добиена од македонските органи.

Пиштолот со придушувач и шаржер, капата и ракавиците се пронајдени во друга вила во близината на вилата во Ханиоти во која се случи убиството на Оки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Убиениот Орхан Бајрами Оки престојувал во апартман во Ханиоти кој чини 600 евра на ден, заедно со уште четири лица

Вештачењето на оружјето и барутните честички и податоците од скопското Обвинителство покажале дека се работи за истото оружје користено претходно за убиствата во Шиша бар.

Грчките власти ќе бараат негова екстрадиција.

Мотивот за убиството на Оки, според грчката полиција, е пресметка меѓу два конкуретски нарко групации.

Орхан Бајрами – Оки, се сметаше за еден од главните водичи на криминалната група „Дуќанџик“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Криминалци најавуваат ликвидации на Тик Ток, прво за Оки, сега за Раде Трајковски – Штекли

Во апартманот на убиениот Орхан Бајрами Оки имало и две жени

Фото: Грчка полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ за три месеци оствари добивка од 1,2 милиони евра

Редакција

Само во Македонија: Фрлале столови и шут во канализација, па барале помош бидејќи се запушила

Редакција

Трагедија во Гостивар, една жена е убиена, а две лица се повредени

Редакција