Македонија стана првата земја од регионот која потпиша Договор за безбедносно и одбранбено партнерство со Европската Унија (ЕУ).
Договорот во Брисел, Белгија, го потпишаа македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
„Договорот ќе придонесе за зајакнување на отпорноста и ќе овозможи заедничко справување со безбедносните предизвици, како хибридните закани, зајакнување на кибер безбедноста, борбата против териризмот, интегрирано гранично управување, спроведување на мисии и операции и соработка во други области од сферата на безбедноста и одбраната“, информираа од Европската служба за надворешни работи.
ЕУ планира ваков договор да потпише и со Албанија, а претходно слични спогодби склучи и со Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Норвешка и Молдавија.
Фото: МНР