еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонските граѓани повеќе не мора да се откажат од матичното за да добијат германско државјанство

Германскиот парламент ги усвои измените во Законот за државјанство, со кои се скратува рокот во кој доселениците можат да аплицираат за германско државјанство, но и се дозволува двојно државјанство.

Со овие измени, како што пренесува Дојче веле, македонските граѓани повеќе нема да мораат да се откажуваат од матичното за да се стекнат со германско државјанство.

Двојното или повеќекратното државјанство досега беше можно само за државјани на ЕУ земји, Швајцарија, како и на земји кои забрануваат откажување од матичното државјанство како Авганистан, Иран, Либан и Сирија.

Доселениците во иднина ќе можат да аплицираат за германски пасош по пет години постојано живеење и работење во земјата. Досега тој рок беше осум години. Особено добро интегрираните доселеници ќе можат да аплицираат и по три години престој.

Децата родени во Германија од родители со странско државјанство во иднина автоматски ќе се квалификуваат за германски пасош. Услов за тоа е, најмалку еден од родителите да живеел непрекинато пет години во Германија и да имал дозвола за престој.

Лица кои биле осудувани за дела поврзани со расизам, антисемитизам или ксенофобија нема да можат да добијат германско државјанство.

Основен предуслов за добивање државјанство остануваат докази за интеграција и познавање на германскиот јазик. Дополнително кандидат мора да докаже дека е во состојба да се издржува себе си и членовите на семејството. Исклучок од ова правило се т.н. гастарбајтери и доселеници со договори на дело кои пристигнале во Западна Германија до 1974 година, односно до 1990 година во поранешна Источна Германија, пренесува Дојче веле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинирани 53 медицински лица во Тетово, дел одбиваат

Редакција

Русковска: Одбраната не успеа да докаже дека Нинџа не бил во седиштето на политичката партија

Редакција

(Видео) Ковачевски: Треба да се приклучиме гордо кон ЕУ, во прв план се стратешките интереси и цели на државата

Редакција