еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мене нема да ме чуете како папагал да ја повторувам придавката, вели Мицкоски за новата закана на Мицотакис

Идниот премиер, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска го доби мандатот за состав на нова влада, денеска во одговор на новинарско прашање за новата закана на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, повтори дека ќе го почитува Договорот од Преспа, но ќе употребува Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис најави “многу непријатно искуство“ на Самитот на НАТО, ако не се употребува уставното име

„Како човек што ќе ја предводи владата сум обврзан да ги почитувам законите и ќе немам никогаш дилема се додека ваквиот Устав и закони се на сила да ги почитувам, а Преспанскиот договор е дел од ова и тука нема дилема и секој кој е дел од институциите мора да ги почитува.

И додека ја обавувам оваа функција претседател на Владата ќе ги почитувам законите до последна точка и запирка. Но, исто очекувам и добрососедски односи на конструктивна основа кои доликуваат на 21. век.

Мое човеково право е право кое е над сите права. И луѓето кои ме знаат, знаат дека лесно не се изненадувам, но можеби е добро да ги аргументираме позициите пред тој форум“, изјави Мицкоски, кој потенцираше дека нема да ја повторува придавката “како папагал„.

„Мене нема да ме чуете како папагал да ја повторувам придавката, а позади завесата да Ве ограбувам Вас и да се однесуваме како деспот како монарх.

Членот 7 од Договорот став 2 и 3 се јасни што значи кога едната и другата страна го користат терминот македонски и Македонија, членот 1 од истиот договор.

Ајде да видиме што тие направија во изминативе шест години во однос на Договорот, а не да биде во фокус моето човеково право да го користам терминот Македонија, на земјата  во која сум се родил, а да видиме што тие, а што ние направивме.

Кога се менуваше знамето, кога се менуваа банкнотите, кога се користеше срамното име, кога го менувавме Уставот, па се ставаа пратеници во притвор, па се вадеа ден пред гласањето за новото име.

Јас сум подготвен да зборувам со секого. Мојата единствена амбиција е да направам нешто за мојата татковина и за граѓаните“, кажа Мицкоски.

Прашан дали ќе испрати протесна нота и ќе ја алармира меѓународната заедница за тоа што го прави Грција, Мицкоски кажа дека засега нема активност, затоа што сме надвор од институциите во Европската Унија, “но кога ќе сме дел ќе се бориме и браниме“.

„Кога ќе бидеме внатре во институциите, ќе имаме дипломатска активност. Нема да водиме провокативна офанзивна политика, нема да градиме споменици и да преименуваме автопати, туку сакаме да градиме мостови, економска соработка, соработка во туризмот и културата.

Тука сме, соседите мора да се почитуваат и ќе ги анализираме сите чекори, а внимателно ќе влечеме потези, но немаме намера да сме подлизурковсци, да се понижуваме самите себе.“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија+видео) Мицкоски го доби мандатот, има рок од 20 дена да состави влада

Не очекувам талибанско однесување, вели Мицкоски за најавата на Мицотакис дека прашањето за уставното име ќе го покрене на Самитот на НАТО

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија до Русија за донацијата на тенковите: Од почеток сме на страната на Украина и ја осудивме руската интервенција

Редакција

Вселенската Патријаршија им додели високи свештенички достоинства на свештеници на МПЦ-ОА

Редакција

Двајца полицајци завршија во притвор откако на Ќафасан пуштиле автобус без зелен картон

Редакција