Македонскиот премиер Христијан Мицкоски има здравствен проблем со колената, откри тој во интервју за Топ Тема на телевизија Телма, па затоа до Вашингтон за Самитот на НАТО летал со бизнис класа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој беше прашан зошто со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски патувале во бизнис, а не во економска класа, на што тој одговори дека од Скопје до Лондон летале се економска класа, а од Лондон до Вашингтон и од Вашингтон до Њујорк летале со бизнис класа.
-Имам проблеми со колената и на така долги релации летам со бизнис класа, одговори тој, но не кажа дали и министрите поради некој здравствен проблем летале со бизнис класа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) И синот на Мицкоски бил во Вашингтон, објави поранешната министерка Петровска
Беше прашан и за неговиот син Јован Мицкоски, кој беше со него во Вашингтон, на што одговори дека во поканата пишувало дека може да понесе и придружник кој според него не мора да биде сопругата, туку и друг член од семејството и дека тој ја платил неговата карта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед: Објавени платите на Мицкоски и сите членови на Владата
Семејството на Мицкоски платило за да син му дојде со него Вашингтон, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ