еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски најави протест, ако членовите на Судскиот совет на кои им беше изгласана недоверба, не си поднесат оставки

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија најави дека ќе се случат протести ако членовите на Судскиот совет за кои беше изгласана недоверба во Собранието, не си дадат оставки, а на тие протести тој ќе биде во првите редови.

„Ќе им се случи народ, ќе излезе народ на улица и ќе протестира, народот е гладен и жеден за правда. Замислете имате кај граѓаните помала доверба од 2 или 3%, ве разрешуваат и вие не си заминувате, водите инает. Ќе им се случи народ, прв ќе застанам кој ќе го води народот, ветувам дека тоа ќе се случи,“ истакна Мицкоски.

За тоа кој ќе ги замени, Мицкоски нагласи дека ќе се разговара, но едно е сигурно дека нема да биде исто, нема да има вакви луѓе за кои има докази, затоа што како што рече, правда не може да има како сега со судии или обвинители или пак членови на Судски совет и Совет на јавни обвинители кои се од партиски штабови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Освен за Дамева изгласана недоверба и за уште четири членови на Судскиот совет кои ги бира Собранието

Во Собранието изгласана интерпелацијата на Весна Дамева, таа најави дека нема да си поднесе оставка

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР го „тресе“ Одделот за општи и заеднички работи во МВР

Редакција

Вакцинирани 53 медицински лица во Тетово, дел одбиваат

Редакција

За 30,9 проценти намален бројот на позитивни случаи на Ковид-19

Редакција