Неколку вработени во Контролата на летање се нападнати денеска по прес-конференцијата на Струковиот синдикат на контролори на летање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР потврди дека се нападнати тројца вработени во М-НАВ, ги нападнале вработен таму и непознати лица
“Пред околу 30 минути во објектот на Контрола на летање дошле неколку возила од кое излегле неколку лица кои влегле во објектот на Kонтрола на летање и предизвикале караница и нападнале вработени во Контролата на летање, мои колеги.
Случајот е пријавен во полициска станица Петровец, запознати се и министерот транспорт и врски и министерот за внатрешни работи.
Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија и е истечен договорот од пред извесно време, а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект.
Овој акт на насилство не само што претставува закана за секој еден професионалец во Контролата на летање, туку и за безбедноста во авијацијата кога секој еден може од надвор да влезе во објектот и да нападне вработени кои во тој момент извршуваат работни обврски,“ информираше претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање, Александар Тасевски на неговиот Фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ