еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колкави надоместоци добил менаџментот на ТТК Банка лани

Вкупниот надоместок за менаџментот и вработените исплатен во ТТК Банка АД Скопје во текот на 2023 година изнесува 216.985.648 денари, стои во Годишниот извештај на Банката, објавен преку Македонската берза.

Во истиот е објавена и табела, како се пресметува суматата која различна структура на Банката ја добива.

Највисоки надоместоци има Управниот одбор (УО).

Претседател на УО и генерален извршен директор е Драгољуб Арсовски, кој е доктор на економски науки.

Член на УО и генерален директор за управување со ризици е Наталија Алексова, дипломиран економист, како и генералниот директор за комерцијално банкарство, Димитри Трповски, магистер по бизнис администрација.

Заклучно со крајот на минатата година во Надзорниот одбор (НО) на Банката пак се Бобан Гоговски, претседателот на НО, дипломиран инженер по електротехника, кој надвор од Банката има функција на извршен член на Одборот на директори – генерален директор во Тетекс АД Тетово и неизвршен член на Одборот на директори во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, Драгица Јовановска, дипломиран економист, надвор од Банката не членува во други органи на надзор и/или управување, Трим Ќемали, кој дипломирал на комуникациски технологии (компјутерски науки), надвор од Банката има функција на заменик – извршен директор на Дебарски бањи АД Дебар, Златко Черепналкоски, дипломиран електроинженер, надвор од Банката има функција на директор за продажба и маркетинг во Енерџи Деливери Солушнс АД, Скопје, Евгенија Трпкоска, дипломиран економист, надвор од Банката има функција на неизвршен член на Одборот на директори на Тетекс АД Тетово, Арсен Јаневски, доктор по правни науки, кој е професор во пензија, не членува во други органи на надзор и/или управување и Владо Камбовски, доктор по правни науки, надвор од Банката е член на Македонската академија на науки и уметност (МАНУ).

Јаневски и Камбовски се независни членови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТТК Банка ќе дели дивиденда

ТТК Банка лани со зголемена добивка за 72,9%

Драгољуб Арсовски купи над 3 илјади акции во ТТК Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски забранил да се купуваат морска храна, бадеми и лешници во Владата, парите ќе бидат насочени за најранливите категории граѓани

Редакција

Каматните стапки ќе растат

Редакција

УХМР: Невреме како вчерашното во Скопје еднаш во две до пет години

Редакција