еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ТТК Банка ќе дели дивиденда

На престојното Собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје на 29.3.2024 година, една од предлог-одлуките е и исплатата на дивиденда за минатата година, информираа од Банката преку Македонската берза.

Вкупната предвидена сума е во бруто-износ од 104.283.288 денари.

-Дивидендата за 2023 година ќе се исплаќа дел во акции преку издавање емисија на акции по пат на приватна понуда наменета за акционерите, и дел во пари (на платежни сметки на акционерите), сразмерно на учеството на нивните акции во дотогашната основна главнина Банката, стои во предлог-одлуката.

Висината на бруто-дивиденда по акција изнесува 108 денари, односно 10,8 % од номиналната вредност на акциите којашто изнесува 1.000 денари и тоа 76 денари бруто-дивиденда во акции по пат на приватна понуда наменета за акционерите и 32 денари бруто-дивиденда во пари (на платежни сметки на акционерите).

Датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2023 година е 27.3.2024 година, а последен ден на тргување со право на дивиденда за 2023 година е 25.3.2024 година, односно право на дивиденда ќе имаат акционерите регистрирани во акционерската книга на 27.3.2024 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави надоместоци добил менаџментот на ТТК Банка лани

ТТК Банка лани со зголемена добивка за 72,9%

Драгољуб Арсовски купи над 3 илјади акции во ТТК Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Денот на независноста на Косово, албанската опозиција во Македонија потпиша декларација за обединување

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Нова листа на должници на УЈП, проверете дали сте на неа

Редакција