еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уште едно обвинение за Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, за несовесно работење.

Според Обвинитиелството, Мерко на крајот на јануари 2022 години, свесно ја прекршил регулативата и поставил директор на училиште надвор од прописите. Поставениот вршител на должноста – директор не бил од редот на вработените како што налага законот.

Со ова, Мерко му обозможил да си префрла плата 19 месеци.

– Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга, на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа.

Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот.

Така обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопски Кривичен се прогласи за ненадлежен за обвинението за Мерко, го препрати во струшкиот Суд

Каков имот пријавил Рамиз Мерко, за кој Обвинителството поднесе обвинение за набавката на луксузното „ауди“

По неколку години обвинение за Мерко за набавката на „аудито“ вредно 67 илјади евра

Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Деветгодишниот Никола донираше матични клетки за неговата сестра која боледува од акутна леукемија

Редакција

Детален преглед на состојбата со пациенти со Ковид-19 по болниците

Редакција

Членови на Управниот и Надзорниот одбор на Гранит купија акции на компанијата

Редакција