еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема тешко повредени во пожарите, укажана им е лекарска помош на десетина поради вдишан чад

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа од Кочани изјави дека во пожарите нема повредени лица, во смисла на изгореници или тешки повреди, но, има околу десетина пациенти кои се јавиле во кочанската болница, кои биле примени паради тоа што вдишале чад.

– Четворица пациенти се пуштени дома, а петмина се задржани во болница и примаат кислородна терапија. За неколку часа ќе бидат испратени на домашно лекување. Ние го мобилизиравме целокупниот здравствен систем во сите здравствени домови и болници во околината.

Со оглед на тоа што е време на летни одмори, телефонски ги контактиравме и докторите и медицинските сестри и сите се на „стенд бај“ и во Кочани и во здравствениот дом во Штип. Се надевам дека нема да има потреба за интервенција, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарот во Кочани локализиран, денеска се очекува помош од Србија и Бугарија

(ВИДЕО) Кочани гори! Апел за помош!

(Фото) Горат дел од куќите во Белско Маало: Пожар сериозно му се заканува на Кочани

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До Обвинителството пристигнати неколку пријави за евентуално сторени кривични дела во врска со изборите

Редакција

(Видео) Најмалку две лица загинаа во гранатирање на станбена зграда во Киев

Редакција

Кој сè освен Антевски, кој купи 100 акции во Комерцијала, е во Надзорниот одбор на Банката

Редакција