еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од 1. јуни полесно до работна виза во Германија, што е сменето во постапката?

Македонските граѓани од 1. јуни ќе можат полесно да дојдат до работна виза во Германија. Земјата ја зголеми квотата и направи измени во постапката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За македонските граѓани од 1. јуни полесно до работа во Германија

Директор на Агенцијата за посредување при вработување во странство „Коузон„“, Зоран Кочовски за весникот Вечер појаснува што е сменето и како да дојдете до работна виза.

-Станува збор за упростување на постапката и побрзо добивање на термин за работна виза. Процесот за добивање на работна виза ќе се одвива преку локални бироа за вработување во Германија.

Работодавците кои имаат потреба од работници ќе поднесат барање до локалното биро. Штом работодавецот ќе добие позитивен одговор од локалното биро за вработување, македонските работници добиваат термин за виза, објаснува Кочовски.

Тој додава дека тоа што Германија ги менува правилата за вработување не значи дека Македонците нема да треба да аплицираат за работна виза. Напротив, Македонците повторно ќе мора да аплицираат за работна виза, но се скратува процесот на чекање за добивање термин.

-Дали Македонците ќе успеат да најдат работодавец во Германија ќе зависи од нивните квалификации. Предност ќе имаат оние кои имаат соодветни квалификации и познавање на германски јазик. Секако, познавањето на германски јазик е потребно за работни места со повисоки квалификации, но не е неопходен за неквалификувана работна сила.

На Германија очајно ѝ требаат работници, но тоа не значи дека ќе земе неквалификувани работници. Секоја земја која бара работна сила предност им дава на оние што се обучени и што знаат да ја работат таа работа за која е потребна работна сила, вели Кочовски и додава дека кога станува збор за квалификувана работна сила во одредени ситуации ќе треба да се нострифицираат дипломите.

Кочовски појаснува дека со новиот систем нема да има лотарија, туку термини за работна виза ќе добиваат лица кои имаат работни договори. Овие лица бараат термин за поднесување на документи во Германска амбасада. Од Амбасадата проверуваат во германските служби и ви даваат виза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските граѓани повеќе не мора да се откажат од матичното за да добијат германско државјанство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сезонава само 379 регистрирани случаи на грип, најмногу заболени кај децата до 4 години

Редакција

Најмладиот на 35-годишна возраст: Од Ковид-19 починаа седум лица

Редакција

Фруктал Мак во првите шест месеци со зголемена добивка

Редакција