еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Освен во Франција, Македонија ќе има нови амбасадори и во Украина, Хрватска и Јапонија

Освен во Франција, Македонија ќе има нови амбасадори и во Украина, Хрватска и Јапонија.

Како што е познато нов амбасадор во Франција ќе биде нефрологот Игор Николов, советник на премиерот Христијан Мицкоски, кој ќе го советува за здравствена политика до крајот на месецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советникот на Мицкоски, Игор Николов, предложен за амбасадор во Франција

На последната седница на Владата, каде поминала таа одлука, е одлучено нов амбасадор во Украина да биде Димитар Блажевски, во Хрватска, Драган Ѓурчевски и Андријана Цветковиќ во Јапонија.

Исто така Владата одлучила да почне постапка за отповикување на деветмина амбасадори.

Станува збор за амбасадорката во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, Јакуп Реџепи, амбасадор во Босна и Херцеговина, Зеќир Рамчиловиќ, амбасадор во Црна Гора, Емил Крстевски, амбасадор во Чешка, Џенк Сејфила, амбасадор во Шведска, Катерина Ставревска, амбасадорка во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Методија Белевски, амбасадор во Белгија и нерезидентен амбасадор за Луксембург.

Постапка за отповикување има и за амбасадорката и постојана претставничка на Македонија во Советот на Европа, Светлана Гелевева, и за амбасадорот и шеф на Постојаната мисија при Меѓународните организации, Пајо Авировиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавени сите советници на Мицкоски, еве кои се

Мицкоски има 17 советници, кои земаат плата од 60 до 90 илјади денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тито Беличанец по 27 години даде оставка од Надзорниот одбор на ТТК Банка

Редакција

Коробкина за „еМагазин.мк“: Какви сервисни лидери се потребни, за да се мотивираат вработените во исполнување на деловните цели

Редакција

Борел од Скопје: Не можам да ви ветам датум за преговори

Редакција