еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Палевски се уште не бил на распит, дали тој е убиецот на Вања и Панче?

Првоосомничениот за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски Палчо сè уште не бил на распит и за него засега нема обвинение.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за 360 степени на МРТ 1, вели дека тој сè уште не бил на распит, бидејќи во моментот се вештачат предметите што ги донел со себе од Турција, а за кои проценката на предметниот јавен обвинител е дека може да бидат корисни за истрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во куферот на Палевски со кој влезе во Шутка имало евра, лири и телевизор

Кога ќе се соберат овие докази, ќе следува обвинение и за него, кое може да се спои со обвинението на другите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за четири лица за убиството на Панче и Вања, таткото помогнал во грабнувањето

-Јавното обвинителство располага со сите докази и врз основа на нив поднесе обвинителен акт, што значи дека има и материјални докази и обдукција и вештачење, одговори Коцевски на прашањето дали има и материјални докази, освен исказите на обвинитетите, дека Палевски ги извршил двете убиства.

-Од она што стои во обвинителниот акт сите се товарат за соизвршители, а повторно ќе кажам, на крај, кога ќе се покрене обвинение за Палевски, ќе се знае сè што се случувало, одговара обвинителот на прашањето дали Палевски е убиецот.

Коцевски поради истрагата не дава прецизен одговор и на прашањето дали е пронајдено оружјето со кое се извршени убиствата.

-Во однос на оружјето, непобитно е дека се работи за убиство со пиштол, затоа што се работи за калибар 9 мм, тоа е докажано, а за останатото не можам да кажам, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што е обвинет таткото на Вања?

За таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, за кого е поднесено обвинение за помагање при грабнување, Коцевски вели дека материјалните докази кои биле обезбедени соодветствуваат на вербалните искази на останатите обвинети и затоа неговото мислење е дека како Обвинителство имаат чиста теорија на случај, фактичка состојба која е целосно утврдена и тој не се сомнева во исходот и во процесот на докажување на делото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јас сум на два света, ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка, вели таткото на Вања

Фото: Палевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еве на кои места денеска се одвива теренската вакцинација

Редакција

Поскапувањето на „најевтиниот леб“ не е проблем за Владата, но ќе ги дотепа сиромашните

Редакција

Филипче: Треба време за граѓаните да ја вратат довербата во здравството

Силвана Жежова