еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешниот заменик директор на УЈП, Гури, сам се пријавил во полиција

Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи (УЈП), Исмет Гури, кој избега од куќен притвор и за кого беше распишана меѓународна потерница, денеска сам се пријавил во полиција и веќе е во затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Објавена потерница од избеганиот Исмет Гури, поранешен функционер на ДУИ

Информацијата ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

Тој избега на почетокот на годинава, а во куќен притвор беше поради примање на редовна терапија за здравствените проблеми кои ги имал.

Гури минатата година беше уапсен заедно со 15 лица меѓу кои и бизнисмени и инспектори од УЈП, под сомневање за злосторничко здружување, даночна измама, перење пари и кражба на 840 илјади евра од дирекцијата каде што работел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ повторно осудени на три и пол години затвор за „Титаник 3“

Против Исмет Гури, заедно со Ејуп Алими, се водеше и случајот „Титаник 3“ на поранешното Специјално јавно обвинителство за уништување изборен материјал во скопски Чаир за време на локалните избори 2013 годината, во кој судот по повтореното судење минатата година им изрече неправосилни затворски казни од по три години и шест месеци.

Гури беше активист на ДУИ, а потоа му се придружи на Демократско движење на Изет Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од домашен притвор избега Исмет Гури поранешен функционер на ДУИ, распишана е потерница

30 дена притвор за поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури и уште две лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Орбан, му изразил загриженост за криминалите и скандалите на Владата на Заев

Редакција

Заев: Не можете цели нации да ги оквалификувате како фашистички, не станува збор за бришење на историјата

Редакција

Сашо Тасевски реизбран за директор на Бирото за јавна безбедност

Редакција