еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Потврдено: Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство во бугарскиот Конзулат во Битола

И официјално е потврдена информацијата дека во бугарскиот Генерален конзулат во Битола хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство.

Како што пренесуваат бугарските медиуми тоа го покажала истрагата за овој сканал, која завршила деновиве, а првичната информација беше објавена во март годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чистачка во бугарскиот Конзулат во Битола имала пристап до архивата и интервјуирала кандидати за бугарско државјанство

Истрагата покажала дека во Козулатот се констатирани повеќе прекршоци, меѓу кои и дека хигиеничарката Весна Котевска вршела разговори со македонски државјани за стекнување бугарско државјанство, пренесе бугарската агенција БГНЕС.

Исто така Генералниот конзулат во Битола наметнал работна практика со која ги насочува и всушност ги принудува своите клиенти да ги користат услугите само на една банка.

Техничкиот премиер Димитар Главчев откри и други детали од истрагата.

-Утврдена е работа и на македонски кол-центар за снимање на часови за конзуларни услуги и давање информации, кој функционираше на целата територија на Република Северна Македонија и бележеше часови за Генералниот конзулат во Битола и Амбасадата во Скопје.

На овој начин, на правно лице со нејасна сопственост му се дало можност да ги дознае, систематизира и архивира личните податоци на десетици илјади луѓе кои низ годините аплицирале за бугарско државјанство и секаков друг вид на конзуларни услуги, објасни Главчев, наведувајќи дека телефонот на центарот за повици веќе е суспендиран.

Било констатирано и невозможно поднесување пријави за корупција и неправилности, што предизвикува загриженост и немотивираност кај граѓаните за поднесување вакви пријави, поради страв од одмазднички дејствија на делот на вработените во Генералниот конзулат во Битола, посочи тој.

-Констатирани се неправилности и при обработката на барањата за стекнување бугарско државјанство. Генералниот конзулат во Битола има закажано часови за поднесување барања за стекнување бугарско државјанство значително над капацитетот за квалитетна услуга, обработка на документите и разговор со апликантите, што доведе до правење грешки, изјави Главчев и додаде дека дел од интервјуата воопшто не се направени или се направени набрзина и формално, според него, тоа е сериозен предуслов за постоење на коруптивни практики, пренесува БГНЕС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Социјалистичката партија на Македонија со безрезервна поддршка на кандидатурата на Гордана Силјановска-Давкова

Редакција

За инцидентот со пратеникот на ДУИ, Адеми, за СДСМ виновна е ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Текстилната индустрија огромен загадувач: Секој тон обработен текстил, генерира од 15 до 35 тони јаглерод диоксид

Редакција