еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ППЦ – мајката фирма на ЕДС која се „бори“ на тендерот за снабдувач за домаќинствата, под истрага од Европската комисија

Грчкото електро-стопанство (ППЦ) ги прекршило антимонополските закони на Европска унија со предаторски цени на пазарот на електрична енергија.

Европската комисија (ЕК) утврдила дека грчката ППЦ во периодот помеѓу 2013 и 2019 година ја злоупотребила својата доминантна положба и продавала струја по цена пониска од реалната, со што ги ставила конкурентски компании во маргинализирана положба, се констатира во соопштението од Европската комисија за приговорот испратен до ППЦ.

Комисијата во приговорот констатира дека ваквиот начин на работење на ППЦ ги спречил напорите за либерализација на пазарот која формално завршила во 2013 година.

„Однесувањето на ППЦ може да доведе до повисоки цени за грчките потрошувачи, како и до повисоки нивоа на емисии на локалното загадување,“ велат во соопштението до јавноста од ЕК.

Прелиминарниот став на Комисијата е дека ППЦ имала доминантна позиција на меѓусебно поврзаниот грчки пазар на електрична енергија на големо во наведениот временски период, опфаќајќи го грчкото копно, како и јонските и неколку острови во Егејското Море.

Покрај тоа ППЦ, во која грчката држава има важен малцински удел, е најголемиот снабдувач во малопродажбата и големопродажбата на електрична енергија во Грција. Помеѓу 2013 и 2019 година, ППЦ го контролирала целиот лигнит за термоцентралите, хидро капацитети, како и некои од постројките за производство на природен гас и обновливи извори на енергија.

ППЦ е присутна и на македонскиот пазар, а го предводеше и конзорциумот за изградба на хидроцентралата Чебрен, кој пропадна откако компаниите не доставија банкарска гаранција.

Компанијата е основач на ЕДС, која учествува на тендерот за избор на универзален снабдувач за снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи, што е во тек. ЕДС на овој тендер учествува во конзорциум со Пан трејд, а понудија маржа од 11,45%.

Европската комисија во 2021 година отвори формална антимонополска истрага за ППЦ, согласно ченот Article 102 TFEU, кој забранува доминантна позиција на пазарот, а имплементацијата на оваа одредба е дефинирана во Регулативата бр. 1/2003. Во натамошната постапка што ја отвори Комисијата, компанијата ќе треба да достави документи.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се намалува ДДВ-то за ресторански услуги од 18 на 10 отсто

Редакција

Има уште две фази до промена на Уставот, пак ќе бидат потребни 80 пратеници

Редакција

МВР секој ден регистрира лица кои не ја почитуваат мерката за изолација, ќе одат ли во карантин?

Редакција