еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Препораки за топлотниот бран кој од утре ќе ја зафати државата

Министерството за здравство ја информирало Владата дека добило информација од Институтот за јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи за појава на топлотен бран во траење од три дена, од понеделник до среда, информираат од таму.

Територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза и согласно Акциониот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението ќе се превземаат акции предвидени за Фаза 2 – портокалово на топлотни бранови.

Согласно ова, Владата донесе дополнителни мерки за превенција:

Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години во периодот од 12.08.2024 до 14.08.2024 година.

Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев на руските комичари им праќал слики со Меркел

Редакција

Што предвидуваат Уставот и собранискиот Деловник по оставката на Заев и кога Ковачевски ќе стане нов премиер

Редакција

За убиството на докторот Ацо Трпковски извршен разговор со над 15 лица, прегледани и над 40 видео снимки

Редакција