еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пробен чартер лет на Ибериа, со цел авионско поврзување помеѓу Скопје и Мадрид

Прв чартер лет на шпанската национална авиокомпанија Ибериa од Мадрид, вчера попладне слета на Меѓународниот аеродром Скопје и донесе 120 шпански туристи во Македонија, вклучувајќи и шпански блогери, кои ќе ја истражуваат земјава во следните неколку дена.

„Овој лет е резултат на соработката на домашниот тур-оператор Балкан прајм турс и шпанскиот тур-оператор Сама травел тур оператор. Станува збор за пробен лет, кој е плод на иницијативата и активностите на ТАВ Македонија и македонскиот тур-оператор Balkan Prime Tours во изминатите неколку години, со цел отворање директни летови до Шпанија.

Со овој лет на Ибериа, шпанските туристи ќе ја запознаат Македонија како туристичка дестинација, со цел да се создаде побарувачка за авионско поврзување меѓу Скопје и Мадрид и од страната на Шпанците, а врз основа на тоа авиокомпанијата Ибериа следната година да отвори сезонски летови до шпанската престолнина,“ велат од Меѓународен аеродром Скопје.

Фото: Меѓународен аеродром Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Првпат во државава, пациент на 37 годишна возраст со Ковид-19 тргнат од респираторна машина

Редакција

Компанијата „Сити плаза“ официјално го презеде “Рамстор Македонија”, ќе инвестира над 105 милиони евра

Редакција

За ПЦР-тестови во приватното здравство граѓаните потрошиле околу 20 милиони евра, откриваат државните ревизори

Редакција