еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се потел и му се појавило црвенило по лицето: Братот на премиерот го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски

Братот на македонскиот премиер, Зоран Заев, Вице Заев го тужи за клевета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, бидејќи во интервју изјавил дека тој и неговото семејство стануваат главен бизнис фактор и дека ги добиваат сите главни бизниси во Македонија.

Денеска во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвително рочиште за случајот, на кое се појави само Николоски, кој на медиумите им соопшти дека Вице Заев бара 30 илјади денари оштета и сподели детали од тужбата.

„Пишува дека од изјавата, Вице Заев чувствувал вознемиреност, главоболки, имал вегетативна симптоматологија во вид на потење и црвенило на лицето, па јас би сакал да го прашам на кој начин дошол до тие заклучоци и како утврдил дека тоа му се случува“, рече Николовски, кој порача дека „ако му дошло на Заев за 30 илјади денари, нека си ги троши со здравје“.

Николовски дојде без адвокат и најави дека ќе се брани сам.

Следното рочиште е на 26 февруари.

Фото: Фејсбук/Николовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е Татјана Димитровска, новата претседателка на Антикорупциска

Редакција

541 казни за неносење маска

Редакција

СОЗР на Владата вработува 16 лица, плата до 25.000 денари

Редакција