еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

САД разочарани од Силјановска, ќе следат дали новата влада ќе го почитува Договорот од Преспа, вели посекретарката на Стејт департментот

Во разговор за Сакам да кажам, Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот вели дека САД го поддржуваат Преспанскиот договор и дека биле разочарани што македонската претседателката Гордана Силјановска Давкова не го користеше уставното име за време на заклетвата.

На прашањето што би се случило ако новата македонска влада реши да не го почитува Преспанскиот договор, дали и што САД ќе променат во поддршката за Македонија, Ален вели:

„Се разбира, ние го поддржуваме Преспанскиот договор и бевме разочарани кога видовме дека претседателката не го користи целосното и формално име Северна Македонија. Ќе следиме да видиме што прави владата.

Во постојан дијалог сме со владата која е во тек на формирање. И затоа, тука не би прејудицирала никакви последици, но, секако, би се надевале и охрабруваме дека лидерите на Северна Македонија ќе се придржуваат до меѓународните договори“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Остро предупредување од потпретседателот на Европската комисија до Македонија за Договорот од Преспа

Европската комисија ги повика Македонија и Грција да го почитуваат Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче за најтешката форма на корона вирусот: Ги напаѓа сите органи, крвта и предизвикува распад на ткивото на белите дробови

Редакција

„КАМ маркет“ ги замрзнува цените на 100 производи

Редакција

Нови 140 заразени со Ковид-19 од 1.397 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција