еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Пожар кај Чешиново-Облешево, мобилизирани пожарникари и доброволци од Кочани

Хеликоптер за извидување прави проценка, каде и во кој правец се шири пожарот на територија на три општини Чешиново-Облешево, Пробиштип и Кочани, информира Симеончо Стоиков, лице за односи со јавност на Доброволното противпожарно друштво (ДПД)-Кочани.

Тој вели дека на терен се со две возила, а мобилизирани се и кочанските пожарникари.

Претходно директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов информираше дека огнените јазици се на сто метри воздишна линија од село Врбица, а во кое живеат пет жители.

Стоиков од ДПД-Кочани посочува дека последната информација е дека огнот се доближува и до селото Рајчани, а пожарникарите од ТППЕ-Пробиштип се кај селото Трипатанци. На помош ги очекуваат и доброволните пожарникари од Пехчево.

Во гаснењето на овој пожар, кој зафати сува трева, нискостеблести растенија и шума на територија на три општини од воздух учествуваат и ер тракторот на ДЗС и два полициски хеликоптери. Според Стоиков синоќа дојавата за овој пожар е пристигната во 22 часот во ТППЕ-Кочани од селото Лепопелци.

МИА/Фото/Видео: ЦУК/ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партијата на Трифонов и Каракачанов не се меѓу нив: Кои партии влегуваат во бугарскиот Парламент

Редакција

Владата одлучи: Изолацијата се намалува на седум дена

Редакција

Управа за финансиска полиција: Претресот не е извршен кај пратеникот Јаулески, туку кај вработен во ЕВН

Редакција