еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

САД ќе добие ретки минерали од Украина во вредност до 350 милијарди долари

САД и Украина постигнале договор за ретките минерали кои американскиот претседател Доналд Трамп ги бараше од земјата во замена на помошта што ја добива од САД, пренесуваат американските медиуми.

Наместо минерали во вредност од 500 милијарди долари, како што првично бараше САД, ќе добие минерали во вредност од 300 до 350 милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минерали како гаранција за помошта што САД и ја дава на Украина, побара Трамп

Исто така, договорот не предвидува цврсти безбедносни гаранции на Украина од страна на САД, што за земјата беше клучно барање.

Како што пренесуваат светските агенции украинскиот претседател Володимир Зеленски во петок во Вашингтон, САД, треба да го потпише договорот.

Засега нема потврда од Трамп дека договорот е постигнат, но тој изјави дека Украина со овој договор ќе го добие правото да се бори.

„Тие беа многу храбри, но без американските пари и воена опрема, оваа војна ќе завршеше за многу кратко време“, рече Трамп, кој не даде прецизен одговор на прашањето дали САД ќе продолжи да ја снабдува Украина со оружје и воена опрема.

Се проценува дека 5% од светските резерви на критичните сурови материјали се наоѓаат во Украина, што вклучува 19 милиони тони резерви на графит и една третина од европските резерви на литиум.

Украина има огромни резерви и на титаниум, а значителен дел од резервите на јаглен, нафта, гас и ураниум се наоѓаат на територија под руска контрола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Путин му понуди на Трамп ретки минерали од Русија, но и од окупираните делови на Украина

И ЕУ сака од „критичните суровини“ на Украина

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче ќе патува во Атина за со грчкиот колега да го кооридинираат отворањето на границите

Редакција

Процентот на преживеани пациенти со Ковид-19 во „Жан Митрев“ е поголем од националниот просек, велат од Клиниката

Редакција

Убава вест: Вакцината на „Модерна„ за Ковид-19 е ефикасна 94,5%

Редакција