еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Заев, Пендаровски и Џафери на божиќен ручек и именден кај г.г Стефан

Премиерот Зоран Заев, заедно со претседателот Стево Пендаровски и собранискиот спикер Талат Џафери беа на божиќен ручек кај г.г Стефан.

„Заедно со претседателот, Стево Пендаровски и претседателот на Собранието, Талат Џафери, присуствувавме на традиционалниот божикен прием, кој архиепископот Г.Г. Стефан го приредува секоја година по повод божикните празници и именденот на Архиепископот.

Во мое лично име и во името на Владата на Северна Македонија, на Архиепискотот, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја, го честитам големиот христијански празник Рождество Христово – Божик.

Во духот на празникот на радоста и надежта, кој годинава го чествуваме во посебни услови поради пандемијата на Ковид-19, овие денови да покажеме одговорност кон себе, кон своето семејство и кон државата, да ги почитуваме препораките за физичко растојание и за носење заштитна опрема. Да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни.

Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божик! „Христос се роди! Навистина се роди!,“ напиша Заев на неговиот фејсбук-профил.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со виртуелна бронхоскопија безопасно откривање болести на дишните органи

Редакција

Средба Касами-Рикер: „Срдечен поздрав“ за ДУИ од Вашингтон

Редакција

Приведени 10 лица по масовна тепачка и пукотници: Еден ранет и неколкумина повредени

Редакција