еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во тек вештачењето за групата од Иран и од Русија вклучена во дојавите за бомби во училиштата

Во моментов се работи на вештачењето на материјалите и на доказите за да можат да бидат поднесени кривичните пријави против лоцираната група која што изминатиот период испраќаше хибридни закани, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во одговор на новинарско прашање за групата која преку Ај-Пи адреси во Иран и Русија праќала закани, министерот потврди дека таа е лоцирана врз основа на криминалистички активности на кои што работат секторите за борба против тероризмот, за справување со криминал и за меѓународна полициска соработка.

– На самиот почеток кога започнаа ваквите напади, објавивме дека секојдневно работиме заедно со сите меѓународни организации. Така што, во целата постапка и наши и споделување на податоци, информации од страна на нашиот партнер и целосните детали ќе можеме да ги соопштиме во моментот кога ќе заврши прибирањето на доказите и подготвувањето на кривични пријави, рече тој.

Според министерот, завршувањето на постапката зависи од завршувањето на вештачењето.

– Ниту едно откривање на кривично дело не може да биде детерминирано со временска рамка. Ниту во минути, ниту во денови, ниту во недели. Тогаш кога ќе заврши вештачењето, кога ќе се обезбедат доказите тогаш ќе бидат поднесени кривичните пријави. Многу е важно да имате квалитетно завршена работа и тоа што ќе го поднесете да биде поддржано со доказ, рече тој.

Во врска со истрагата за упадот во Фонд за здравство, министерот рече дека тоа е дел од хибридната војна.

– Тоа е хибриден напад и таму сè уште се работи. Тоа е една огромна работа заради тоа што, знаете дека таму беше извршен напад во кој што беа загрозени многу документи и во овој дел имавме такви, имавме и во Бирото за јавни набавки, така да таму се работи на обезбедување на целосно затворање, рече министерот.

На прашањето, како го толкува фактот дека Обвинителството го преквлификува делото, министерот одговори дека тоа е работа на друга институција.

– Обвинителството ја води истрагата и го квалификува делото. Ние можеби имаме свое видување, свој став во овој дел, и јас сметам сѐ уште дека дојавите за поставување на бомби, предизвикувањето на страв и нетрпеливост кај населението од терористички акт мора да биде кривично дело тероризам, меѓутоа, сепак, тоа е работа на друга институција и ние ќе постапуваме така како што ќе бидат покренати постапките заради тоа што истрагите ги води исклучиво ЈО, рече Спасовски.

Во однос на бројката на пријави за лажните дојави за бомби во училиштата, министерот одговори дека тоа ќе се знае откако ќе завршат вештачењата.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Во терористички напад во Брисел убиени двајца Швеѓани, убиецот во бегство

Редакција

Тимоние: Размислувајте за идните генерации, изборот е Северна Македонија или Северна Кореја

Редакција

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман за ултиматумот од Бузаку: Не се занимавам со геј

Редакција