еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Само 2,75% од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава, велат од РКЕ

Само 2,75 проценти од потребите за електрична енергија е обезбедена од увоз изминатата година, покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2023 година што Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) го достави до Собранието, соопштија денеска од РКЕ.

„По 32 години независна република, конечно можеме да соопштиме дека сме на праг до енергетски независна држава кога е во прашање електричната енергија.

Податоците покажуваат дека Eldorado-то на инвестиции во фотонапонски централи, каде има пораст во инсталираниот капацитет за 251 проценти во споредба со 2022 година, го стопи увозот од 30 проценти на 2,75 проценти.

Овој успех има сеопфатно влијание, како кон енергетска транзиција, така и кон финансиските текови преку намалувањето на дефицитот,“ смета Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ.

Во соопштението се вели дека во 2023 година е регистриран раст на извоз на нафтените деривати при што кај бензините имало забележителен раст на извезените количества за 139,53 проценти во однос на 2022 година, кај млазното гориво извозот е зголемен за 38,41 проценти и кај дизел горивата извозот има раст од 2,31 проценти, што е потврда, се подвлекува, дека во земјава има горива со најниска цена.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Екстремист што се заложи за Албанска федерација: Кој е новиот косовски премиер Аљбин Курти?

Редакција

(Вознемирувачко видео) Најмалку 820 лица загинаа во земјотрес во Мароко

Редакција

Велешки „Димко Митрев“ лани со намалена добивка

Редакција