еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се апсат поранешни директори на ЕСМ и РЕК Битола: Осомничен и Васко Ковачевски, кој не во Македонија

Денеска по налог на Основното јавно обвинителството за борба против организиран криминал и корупција полицијата спроведува акција за апсење на поранешни директори и раководни лица на државните Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ), РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и на ТЕЦ Неготино.

Меѓу осомничените во акцијата се и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој од октомври не е во Македонија, неговиот наследник Васко Стефанов и Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК Битола.

Во акцијата неофицијално се осомничени 23 физички и 4 правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и од Скопје.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Васко Ковачевски е во Србија? Мицкоски вели дека брзо ќе биде вратен во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Бугарија не и се бендиса споредбата со Русија, која ја направи Ковачевски

Редакција

На денешното судење за „Софтвери“ беа презентирани докази на одбраната

Редакција

Трамп пред ново судење: За новото обвинение ја обвини “корумпираната администрација“ на Бајден

Редакција