еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Силјановска и Радев нема да се сретнат во Рим

Како и што се очекуваше македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова и бугарскиот претседател Румен Радев, кои во исто време се во Рим, Италија, поради чествувањето на сесловенските просветители, Кирил и Методиј, нема да остварат средба.

Причината како што пренесуваат македонските и бугарските медиуми е „набиената„ агенда.

Како што пренесе државната агенција МИА, причината според Силјановска Давкова е неусогласување на агендите.

Подготвеност за средба имало и од двете страни и таа е планирана за некоја наредна прилика.

– Изразивме подготвеност, но до средба нема да дојде. И двете делегации имаме агнеда меѓутоа рековме дека час поскоро, во првиот можен момент, ќе ја реализираме, изјави од Рим македонската претседателка.

И бугарските медиуми пренесуваат дека според Радев, набиената програма оневозможила средба на бугарската со македонската делегација.

Радев ја покани Силјановска Давкова да ја посети Бугарија.

– Позитивен знак е што претседателот на Република Северна Македонија покажал желба за ваква средба, одговори Радев во Рим на прашањето на бугарските медиуми дали е побарана средба меѓу двајцата претседатели во Рим.

Очекувам, нагласи Радев, дека таква средба ќе има наскоро. Прашан дали ја кани македонската претседателка во Бугарија, Радев одговори „Ја поканувам, секако“.

– Сметам дека желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак. Само преку дијалог ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба, ќе ги решиме сите спорни прашања и ќе ја отвориме вратата на РСМ кон ЕУ. Се надевам и мој апел е дека оваа средба ќе се случи час поскоро.

На ред е претседателот на РСМ, ако не се лажам, да дојде во Бугарија, изјави Радев, кој порача и дека Бугарија час поскоро очекува промена на реториката и конечно да се престане со јазикот на омразата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Што му подари Силјановска на Папата Франциск

(Галерија) Силјановска во Ватикан на аудиенција кај Папата Франциск

Кој сѐ ќе оди со Силјановска во Рим и Ватикан

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо подароци за 8. март донирајте за Срна, Кара, Леонид, Јани…

Редакција

Полициската бруталност во пораст, ендемска корупција на персоналот: Остри критики од КПТ за затворските услови во Македонија

Редакција

(Фото) Роби „Телекабел“ го означи стартот на новиот мобилен оператор: Го има првиот број со префикс 074

Редакција