еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Студено време денеска, со засилен северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер претежно од северен правец.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од минус 4 до 2, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во текот на неделава времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Среќен татко: Ќерката на премиерот матурантка, Заев објави фотографија од Александра како бебе

Редакција

За старите лица кои не можат да излегуваат од дома, тука е Трајче од пазарче

Редакција

Пациентот на кој минатата среда му беше трансплантирано срце пуштен на домашно лекување

Редакција