еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Телма: Кривичен го „искасапи“ законскиот став за да на напаѓачите на М-НАВ не им одреди притвор

Лавина од негативни реакции во јавноста предизвика одлуката на судиите Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ од Кривичен суд Скопје, на четворицата напаѓачи на Македонска навигација (М-НАВ), кои се достапни за органите на прогонот, да не им одреди притвор, како што бараше Основното јавно обвинителство Скопје, туку мерки на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Сандра Крстиќ, една од судиите кои не одредија притвор за насилниците кои упаднаа во М-НАВ

Каков имот пријавил Пајазит Пајазити, кој не одреди притвор за функционерот на ДУИ, Беким Незири, за упадот во М-НАВ

Како што е познато групата која упадна во М-НАВ ја предводеше функционерот на владејачката ДУИ, Беким Незири, вработен како советник таму, а четири лица се уште не се достапни за органите на прогонот.

Обвинителството ја обжали таа одлука на Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осомничените може да избегат: Обвинителството образложи зошто бара притвор за насилниците кои упаднаа во М-НАВ

Според телевизијата Телма за да ги оправда одлуките да не им определи притвор, Судот направил своја верзија на членот 303 став 2 од Кривичниот законик по кој се гонат напаѓачите.

Како што објави телевизијата, Судот во своето соопштение го скратил членот и го извадил најбитниот дел на квалификација и наведената минимална со закон предвидена затворска казна.

Во Кривичниот законик, член 303 став 2 пишува:

-Тој што ќе изврши дело со кое ја загрозува или може да ја загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај со користење на уред, материја или оружје, незаконски и со намера да изврши дело на насилство против лице на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај со кое предизвикува или може да предизвика тешка повреда или смрт, или да уништи или оштети уреди, објекти или воздухоплов кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај или ги попречува услугите на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

Но, во соопштението на Судот, како што објави телевизијата, го нема токму болдираниот дел (види фото) од членот, кој ги опишува активностите на групата при упадот во М-НАВ. Не е посочено делото „ги попречува услугите на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И поранешен фудбалер кој е во бегство меѓу напаѓачите во М-НАВ

Каков имот пријавил Фахрудин Хамиди, директорот во М-НАВ, за кој упадот во Контролата на летање е кошкање помеѓу колеги

Кои се двајцата директори на М-НАВ, поради кои претседателот на синдикатот на контролори на летање беше викнат на сослушување во полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев не се појави на денешното судење со Николоски, иако премиерот тужи за клевета за случајот „Рекет“

Редакција

Македонија урива црни рекорди: За еден ден 22 починати од Ковид-19

Редакција

Институт за демократија: Не е само внесувањето на Бугарите во Уставот, има и други услови од Софија

Редакција