еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ТАВ Македонија има законско право да го провери секој патник: Скопскиот аеродром за инцидентот со косовската претседателка

Од ТАВ Македонија се огласија по инцидентот поврзан со претседателката на Косово, Војоса Османи, од каде посочуваат дека вработените на компанијата имаат законско право да го проверат секој патник, како и тие што патуваат преку ВИП-салонот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лице од обезбедувањето на Гаши предизвика инцидент на скопскиот аеродром

“Во врска со објавата за инцидентот кој се случи на Меѓународниот Аеродром Скопје, во ВИП-салонот, би сакале да известиме за следното.

Во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство, ТАВ Македонија како аеродромски оператор има законска обврска за спроведување на безбедносен преглед на сите патници, багаж и стоки на летовите од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, вклучувајќи ги и патниците кои патуваат преку ВИП-салонот.

Оттука, Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија, постапувајќи во рамките на своите овластувања спроведе стандардна безбедносна проверка на споменатиот патник, како и на неговиот багаж, на пунктот за безбедноста проверка во ВИП- салонот, со цел обезбедување на конкретниот комерцијален лет.

Сакаме да потенцираме дека авијациската безбедност не беше загрозена, поради тоа што споменатиот инцидент се случи во јавната зона на аеродромот, односно пред пунктот за безбедносна проверка на ВИП-салонот од каде ВИП-патниците откако ќе бидат проверени од Обезбедувањето се упатуваат во безбедносно-контролирана зона на аеродромот.

Исто така, сакаме да потенцираме дека ВИП-салонот е посебна зграда изолирана од главната терминална зграда на скопскиот аеродром, што значи дека е комплетно неточно дека била загрозена безбедноста на патниците.

Со цел точна слика за случката и спречување на ширење дезинформации, за сите детали во однос на инцидентот, ги упатуваме медиумите да се обратат до надлежните институции”, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовската претседателка тврди дека на скопскиот аеродром се обиделе да и го одземат телефонот, од ТАВ Македонија категорично ја демантираат

Гаши го демантира МВР за инцидентот со косовската претседателка, неговото обезбедување ја смирувала ситуацијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цела листа: Кои пратеници дадоа амин за „францускиот предлог“

Редакција

Стејт департмент: САД поддржуваат отворање преговори за влез во ЕУ со Македонија и Албанија без одложување

Редакција

Директорката на кумановската болница позитивна на корона вирусот: „Имунитетот попушти од стрес“

Редакција