еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Турски „Џагатај Кабло“ ќе гради нов објект во ТИРЗ Скопје 1, инвестиција од 6 милиони евра

Турската компанија Џагатај Кабло која подолго време работи во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 1 ќе го проширува своето производство со изградба на нов објект од околу 10.000 метри квадрати.

Инвестицијата е 6 милиони евра, а се очекуваат 200 нови вработувања, информираа од Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони.

Новата фабрика ќе биде двојно поголема од постоечката.

Џагатај Кабло произведува жици и кабли за автомобилската индустрија.

Компанијата ги снабдува водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, климатизери, машини за чистење и специјални аеродромски возила.

Фото: Дирекција на технолошко индустриските развојни зони

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Георгиос Тагарис именуван за член на НО на Стопанска банка Скопје

Редакција

Заев: Мнозинство се уште нема, ќе знаеме на денот на гласањето

Редакција

Ленче Ристовска: Задоволни сме од пресудите, притворот за Мијалков е неопходен поради опасност од бегство

Редакција