еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Утврдена листа на кандидати за нови членови на Антикорупциската комисија

За нова претседателка на Државната комисија за спречување корупција (ДКЗС) е предложена Татјана Димитровска, вработена во Државниот завод за ревизија, а за нови членови членови на ДКСК се предложени судијката во Основниот суд, Софија Спасова Медарска, двајца досегашни советници во ДКСК, Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски и Цвета Ристовска и Демири Сервет, кој доаѓа од Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош на ЕУ.

Оваа е листата со седумтте најдобро рангирани кандидати, која денеска едногласно ја утврди собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, а за која ќе треба да гласаат пратениците.

За да се изгласаат новите членови на ДКСК е потребно просто мнозинство.

Мандатот на актуелните членови на ДКСК, претседателката Билјана Ивановска и членовите Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемси Салаи истекува на 7. февруари.

Согласно законот тие немаат право на повторен избор, ниту на продолжување на мандатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се предлог кандидатите за новиот состав на Антикорупциската комисија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица поднесе кривична за ширење омраза и подбив на македонскиот народ против претседателот на клубот “Ванчо Михајлов“ во Битола

Редакција

Официјално: Предметите од СЈО преминуваат во Јавно обвинителство

Редакција

Поради обилните дождови, предупредување од ЦУК дека постои опасност од брзо зголемување на водостоите на реките и суводолиците

Редакција