еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје информира дека утре од 06.30 часот до 11.30 часот, поради одржување на атлетска трка, насловена како „Зегин Аеродром Ран“, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите.

-Притоа, стартно – целната позиција на трката е од бул. „Јане Сандански“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосница со бул. „Србија“ и бул. „Видое Смилевски Бато“ до крстосница со ул. „Владимир Комаров“, на дел од ул. „Васко Карангелевски“ (во двете насоки на движење), на потегот од крстосница со бул. „Јане Сандански“ до крстосница со бул. „АСНОМ“ како и на дел од бул. „АСНОМ“ (десна коловозна лента) и на потегот од крстосница со бул. „Киро Глигоров“ и бул. „Србија“ се до крстосница со ул. „Васко Карангелевски“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, велат од таму.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонски Телеком ја постави првата тестна 5G мрежа во центарот на Скопје

Редакција

Љупчо Палевски повеќе не е претседател на партијата „Десна„

Редакција

Бугарскиот амбасадор положи венец на гробот на „бугарскиот“ револуционер Гоце Делчев

Редакција