еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведени нови полициски службеници за пожарот во Кочани

Во рамки на истрагата на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани за пожарот во т.н. дискотека/кабаре во Кочани, во кој загинаа 61, а беа повредени 203 лица, вчера се уапсени нови полициски службеници.

Засега нема детали за акцијата од Министерството за внатрешни работи (МВР), а државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски синоќа во емисијата „Топ Тема“ на телевизијата Телма рече дека се работи за нови седум полициски службеници, кои денеска треба да бидат изведени пред јавен обвинител, а потоа пред судија на претходна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седумте приведени полициски службеници констатирале дека дискотеката во Кочани ги исполнува законските услови за работа

Дел од истрагата веќе се други седум полицајци.

Денеска пак дел од медиумите објавија дека полицијата трагала по полицаец од Штип, па е нејасно колку точно полициски службеници се уапсени вчера.

Детали денеска треба да споделат од ОЈО и МВР:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

30 дена притвор за седумте полициски службеници за трагедијата во Кочани

Приведени началници и полициски службеници од Штип и Кочани за пожарот во дискотеката

Се истражуваат и актуелни началници и полицајци за потенцијална одговорност за трагедијата во Кочани

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица

Редакција

Македонија преку „Public room“ е меѓу петте водечки европски дизајнерски платформи

Редакција

Која е бугарската фондација „Македонија“ која најави отварање на нови онлајн медиуми во Македонија

Редакција