Во Град Скопје, како и што беше најавено, денеска влегоа инспектори од Управата за финансиска полиција за да проверат како новогдишно се китело Скопје .
Информацијата за државната агенција МИА ја потврдуваат од Управата, од каде не откриваат детали, бидејќи се работи за предистрага.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која изјави дека украсувањето чинело 30 илјади евра, пак претходно објави фотографија на Фејсбук како игра шах со Дедо Мраз и напиша „исчекување на резултатите од истрагата за елката“.
Предистрагата во Град Скопје треба да покаже дали бил објавен тендер за украсувањето.
Претходно, од Основното јавното обвинителство информираа дека доколку Управата не оформи предмет, во чија надлежност е следењето како се трошат парите на граѓаните, тогаш тие ќе го сторат тоа.
Фото: Фејсбук/Арсовска