Од опозициската СДСМ денеска објавија дека во поклонетиот имот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, освен тој, стан имал и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, а од партија објавија и документи и фотографија од зградата.
„Фамозниот имот кој бил поклонет на Јанушев, вреден 325.000 евра е составен дел од оваа зграда, во најстрогиот дел од центарот на Скопје.
Она што е особено интересно е дека имот во оваа зграда, покрај Јанушев, има и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски“, информираше на прес-конференцијата портпаролката на партијата, Богданка Кузеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи
Тошковски, според Кузеска, во зградата имал имот од над 200 квадрати, стан од 146 метри кавдратни и деловни простории од 46 метри квадратни.
„Вкупната пазарна вредност на овој имот е над 400.000 евра“, кажа таа.
Од партијата повторно повикаа Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија да го истражат случајот.
Предмет за случајот веќе отвори Антикорупциска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски вели дека не поседува ништо надвор од тоа што пријавил во Антикорупциска
Игор Јанушев откри од каде му е подарениот имот
Фото: СДСМ/ВМРО-ДПМНЕ