И македонскиот премиер Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче денеска за големиот празник Божиќ, беа на свечената божиќна литургија во Соборниот храм „Св Климент Охридски“ во Скопје.
Тие се поздравија и си го честитаа празникот.
Филипче имаше кратка средба и со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова.
Мицкоски беше со семејството, а меѓу присутните беше и поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов со сопругата.
Фото: Мицкоски/Филипче/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.