еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од корона вирусот починаа уште 9 пациенти

Од корона вирусот починаа 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар, информираат од Министерството за здравство.

“На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (90г), хоспитализиран на 15 јуни.

На Институот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат пациент од Скопје (64г).

Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациентка (70г) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни, пациент (61г) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје (57г), примен на 17 јуни.

Пациентот од Скопје (64г), кој на барање и со потпис од семејството е испишан од „8 Септември“ е транспортиран до својот дом со возило на брза помош, починал по пристигнување.

Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на ковид, а потврден позитивен по приемот.

Во КБ Тетово починати се две лица, пациент (60г), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70г), хоспитализирана на 15 јуни.

Во ОБ Охрид вчера е починат пациент (64г), чиј позитивен резултат е потврден денес“, информираат од Министерството.

Вкупната бројка на починати е 247.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 90 случаи на Ковид-19, во Скопје 36

Чаир стигна до 394 активни случаи со Ковид-19: Како изгледа бројот на заразени по скопските општини

Убава вест: 48 оздравени пациенти од корона вирусот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинение за прилепскиот тренер по џудо, кој беше осомничен за полови дејствија врз четири девојчиња

Редакција

Филипче не разговарал со Заев за потпретседателско место во СДСМ, но верува дека ќе го направел најдобриот тим

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 19 пациенти, а вкупно се лекуваaт 262

Редакција