Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на Конференцијата за обнова на Украина, која се одржува во Берлин, Германија.
Таа како што информираат од нејзиниот Кабинет, порачала дека е потребен нов Маршалов план за обнова на Украина и дека е неопходно инвестирање не само во патната и во енергетската инфраструктура, туку и во човечката, образовна, социјална и нормативна инфраструктура.
-По Втората светска војна, Маршаловиот план, меѓу другото, беше израз на солидарност кон разрушената Европа, а денес е неопходен нов вид Маршалов план за разрушената Украина, порачала претседателката.
Сиљановска Давкова присуствувала и на отворањето на Конференцијата, на кое свои обраќања имаа германскиот канцелар Олаф Шолц, украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен.
Конференцијата е продолжение на серијата годишни настани на високо ниво посветени на брзо закрепнување и долготрајна реконструкција на Украина, по почетокот на руската воена агресија.
Клучна цел на настанот е да се обезбеди континуирана меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина
Фото: Кабинет на претседателката