Вања Ѓорчевска, 14-годишно девојче, кое се бара веќе два дена, не е единственото дете по кое трага полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Два дена ја нема 14-годишната Вања Ѓорчевска
(Фото) МВР објави фотографија и опис од исчезнатата Вања Ѓорчевска
Случајот ја вознемири јавноста, а во потрагата по нејзе, освен полицијата се вклучи и Ловечката федерација на Македонија, а граѓаните се самоорганизираат на различни начини за да помогнат во истрагата.
На сајтот на МВР се уште се активни потрагите по шест деца кои исчезнаа последниве години.
Едно од нив е Петар Џобески, кој на деветгодишна возраст исчезна на 25. февруари 2022 година.
Во 2010 година во кумановски Средорек, пак, исчезнаа две петгодишни деца – Мирсада Хелдовиќ и Дане Мемеди.
Се уште се исчезнати и малиот Митат Ибраими, Фејзула Елиф и Идиќ Елиф.
Во последните три години во Македонија исчезнале над 74 малолетници, а за среќа најголем број од нив се пронајдени.
ОВДЕ можете да проверите кои се исчезнатите лица по кои трага МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Ловечката федерација се вклучи во потрагата по Вања Ѓорчевска
Фото: МВР