еМагазин
Image default
Бизнис

Цементарница УСЈЕ еден од предводниците во следење на ЕСГ пристапот за деловно управување

Декарбонизација и дигитализација, работно окружување што овозможува раст, позитивно локално влијание и одговорно управување со ресурсите, се четирите клучни столба на кои се развива и имплементира ЕСГ стратегијата (Enviroment, Social and Governance) во Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Компанијата сите свои активности ги насочува кон креирање на одржлив раст и поттикнување на развој на заедницата, градејќи силни партнерства со сите засегнати страни, информираат од таму.

Како една од првите компании во земјава кои ја поставија ЕСГ стратегија за 2025 и понатаму, УСЈЕ беше дел од конференцијата „Поттикнување на одржлива бизнис околина“, што ја организираше Американската стопанска комора во Северна Македонија (AmCham) со поддршка на Центарот за меѓународни приватни претпријатија од Вашингтон (CIPE).

На конференцијата посветена на важноста од воведувањето на ЕСГ пристапот во реалниот сектор како предуслов за креирање на одржлив развој зборуваше и Магдалена Славејкова, менаџерка за човечки ресурси и корпоративна општествена одговорност во УСЈЕ.

Споделувајќи ги исуствата на компанијата и на Титан групацијата, Славејкова истакна:

“За нас во УСЈЕ, ЕСГ стратегијата не се само пишани зборови на хартија, туку се принципи кои ги применуваме во нашето секојдневно работење. Нашите активности, и во компанијата и во односите со нашите партнери, се базирани на транспаретност и отворен дијалог кој трае во континуитет.

Особено внимание посветуваме на дијалогот со заедницата и дополнително зајакнување на соработката. Секоја година ги спроведуваме нашите активности согласно ЕСГ целите според годишен акционен план кој е целосно хармонзиран со принципите на Зелениот договор на Европската Унија и Целите на Обединетите нации за одржлив развој (ЦОР) за намалување на CO2 емисиите до 2030 година“.

УСЈЕ секоја година вложува во проекти базирани на ЕСГ стратегијата и целите, а само минатата година во зелени проекти и проекти од интерес на пошироката заедница инвестирани се 10 милиони денари. Како компанија која е посветена на добро управување, транспарентност и бизнис етика, Цементарница УСЈЕ е посветена на сите засегнати страни, пред сѐ вработените, добавувачите, клиентите и целокупната заедница, посочуваат од таму.

Покрај тоа, компанијата воведе и нов производ – „зелениот“ ЕКО Цемент со помало количество клинкер, со што диркетно се намалуваат емисиите на CO2.

Цементарница УСЈЕ поседува Интегрирана еколошка А дозвола и работи по највисоките стандарди во областа на животната средина. Работењето на компанијата се следи и преку 24-часовен независен мониторинг, а податоците од мерењата ги имаат на увид сите релевантни институции.

На конференцијата „Поттикнување на одржлива бизнис околина“ домашни и странски експерти истакнаа дека македонските компании имаат добри перформанси во однос на имплементирањето на ЕСГ пристапот, но постои можност за унапредување на соработката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓани, компании и институции лани во осигурување вложиле 163,7 милиони евра

Редакција

Воведена авиолинија Женева-Скопје со „easy Jet“, летови ќе има трипати неделно

Редакција

ЕСМ склучи договор со Факом вреден 1,2 милион евра

Редакција